Стартуваше "Купи куќа, купи стан"

Bez autora
Jan 03 2012

Годината почна со нов владин проект со кој на граѓаните ќе им се помогне полесно да дојдат до покрив над главата. Откако неколку дена пред Нова година Министерството за финансии ги потпиша договорите со осум банки, од први јануари официјално стартуваше проектот "Купи куќа, купи стан", а првите апликации за станбените кредити кои ќе ги субвенционира државата ќе се примаат од 25 овој месец. Сите осум банки вклучени во проектот, Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, ТТК банка, Алфа банка, Прокредит банка и Стопанска банка Битола, се подготвени, па кредитите ќе ги даваат со ниски камати во првите пет години, под поповолни услови и со пониски провизии од комерцијалните кредити. Се очекува првите кредити да се одобрат на крајот на март.

Стартуваше "Купи куќа, купи стан"Годината почна со нов владин проект со кој на граѓаните ќе им се помогне полесно да дојдат до покрив над главата.

Откако неколку дена пред Нова година Министерството за финансии ги потпиша договорите со осум банки, од први јануари официјално стартуваше проектот "Купи куќа, купи стан", а првите апликации за станбените кредити кои ќе ги субвенционира државата ќе се примаат од 25 овој месец.

Сите осум банки вклучени во проектот, Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, ТТК банка, Алфа банка, Прокредит банка и Стопанска банка Битола, се подготвени, па кредитите ќе ги даваат со ниски камати во првите пет години, под поповолни услови и со пониски провизии од комерцијалните кредити. Се очекува првите кредити да се одобрат на крајот на март.

Проектот "Купи куќа, купи стан" има две варијанти, со субвенционирање на половина од месечните рати во првите пет години или со субвенционирање на учеството. Во првата варијанта каматата во првите три години од отплатата е 4,99 отсто, а за следните две години 5,5 отсто. Во варијантата кога државата плаќа половина од учеството за кредитот, каматата треба е пониска од шестмесечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.

Се проценува дека на овој начин до стан или куќа ќе дојдат околу 2.500 семејства, претежно млади брачни двојки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik